
Премиерот Никола Груевски и министерот за образование и наука Абдулаќим Адеми денеска го посетија реконструираното Средно општинско училиште „Ибрахим Темо“ во Струга. Владата преку Министерството за образование и наука инвестираше околу 13 милиони денари за реконструкција на подовите, прозорците и надворешната фасада.
– Сметаме дека со ова даваме придонес за поквалитетно образование, подобри услови за учениците и за наставниците, рече Адеми.
Ова, според него, нема да биде последен проект за ова училиште и за Струга, туку ќе продолжат и следната година со цел да се создадат подобри услови за учениците.
– Посочени беа неколку потреби за ова училиште и се надевам дека следната година и тоа ќе го исполниме, истакна министерот Адеми.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Судот одреди 30 дена притвор за Груевски и во случајот ,,Титаник‘
-
Во Струга почнува неделата посветена на јубилејот „90 години музеј Д-Р Никола Незлобински“
-
Унгарската влада за „Макфакс“: Му дозволивме на Груевски да побара азил од безбедносни причини бидејќи беше премиер
-
На комисија изгласано одземање на мандатот на Груевски, конечната одлука на пленарна седница







