| четврток, 6 декември 2018 |

Груевски се сретна со македонските маратонци (фото)

gruevski-maratonci-500
Премиерот на Република Македонија Никола Груевски при својата работна посета на Охрид, оствари куса средба и со македонските маратонци Евгениј Поп Ацев и Томи Стефановски. По завршувањето на вчерашниот Охридски маратон, премиерот Груевски оствари средба со повеќе учесници на овој голем настан, а меѓу нив беа и македонските пливачи Евгениј Поп Ацев и Томи Стефановски.

Груевски им го честиташе добриот пласман, особено второто место на Поп Ацев.

Како што е познато, победник на овогодинешниот Охридски маратон е Белгиецот Брајан Рикеман, кој само една секунда беше побрз од нашиот Евгениј Поп Пацев.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top