| четврток, 6 декември 2018 |

Зелената трансверзала и војната против тероризмот: Бал­ка­нот рај за ис­лам­ски ра­ди­ка­ли

По­стои рас­теч­ки јаз ме­ѓу ре­ал­но­ста на ис­ла­мот на Бал­ка­нот и глав­на­та при­каз­на на За­па­дот за на­вод­но уме­ре­ни­от и то­ле­ран­тен ис­лам на Бал­ка­нот. Проб­ле­мот со „Зе­ле­на­та транс­вер­за­ла“ не­ма да се ре­ши без кри­тич­ко пре­ис­пи­ту­ва­ње на по­ли­ти­ка­та на За­па­дот

Svet100-1

(про­дол­жу­ва)

Ко­со­во –Пред ед­на го­ди­на по­ра­неш­ни­от аме­ри­кан­ски ам­ба­са­дор во Обе­ди­не­ти­те на­ции, Џон Бол­тон, пре­ду­пре­ди де­ка Ко­со­во ќе би­де сла­ба др­жа­ва под­лож­на на ра­ди­кал­но­то ис­ла­ми­стич­ко вли­ја­ние над­вор од ре­ги­о­нот… по­тен­ци­јал­на пор­та за ра­ди­ка­лиз­мот да вле­зе во Евро­па или от­скоч­на шти­ца кон ан­ти­хри­сти­јан­ска­та и ан­ти­а­ме­ри­кан­ска „Евра­би­ја“. Тој бе­ше еден од ре­тки­те во Ва­шин­гтон што пре­ду­пре­ди на те­ков­но­то спо­ју­ва­ње на агре­сив­ни­от ал­бан­ски на­ци­о­на­ли­зам и транс­на­ци­о­нал­ни­от ис­лам. Пре­су­да­та на Бол­тон е спо­де­ле­на од стра­на на по­ра­неш­ни­от ко­ман­дант на ОН во Бос­на, ка­над­ски­от ге­не­рал Лу­ис Ме­кен­зи. Тој ве­ли де­ка во 1999 го­ди­на За­па­дот ин­тер­ве­ни­рал на стра­на­та на ек­стре­ми­стич­ко­то, во­е­но ко­сов­ско-ал­бан­ско дви­же­ње за не­за­вис­ност. Фа­ктот де­ка УЧК е уни­вер­зал­но прог­ла­се­на за те­ро­ри­стич­ка ор­га­ни­за­ци­ја под­др­жа­на од Ал Ка­е­да бе­ше комп­лет­но иг­но­ри­ран.

По ин­тер­вен­ци­ја­та на НА­ТО пред­во­де­на од САД во 1999 го­ди­на, Ко­со­во ста­на кри­ми­на­лен цен­тар во Евро­па. Кри­ми­на­лот е глав­на­та еко­ном­ска актив­ност на по­кра­и­на­та: те­шки дро­ги (глав­но хе­ро­ин), тр­го­ви­ја со лу­ѓе и шверц на оруж­је. Но, не по­мал­ку зна­чај­на, од глед­на точ­ка на „Зе­ле­на­та транс­вер­за­ла“, е и сим­би­о­за­та што се раз­ви­ла ме­ѓу ал­бан­ски­те кри­ми­нал­ни се­мејс­тва  во Ко­со­во и џи­ха­ди­стич­ки­те мре­жи во странс­тво. Ка­ко ре­зул­тат на тоа, спо­ред из­ве­шта­јот од 252 стра­ни­ци со­ста­вен од аме­ри­кан­ски раз­уз­на­вач­ки аген­ции во април 2006 го­ди­на, по­ве­ќе од 15 го­ди­ни ис­лам­ски­те акти­ви­сти, за­ед­но со Ал Ка­е­да и дру­ги те­ро­ри­стич­ки ор­га­ни­за­ции, сло­бод­но ше­та­ат низ Бал­ка­нот: „ек­стре­ми­сти, фи­нан­си­ра­ни де­лум­но со па­ри од шверц на дро­га, се оби­ду­ваа да се ин­фил­три­ра­ат во За­пад­на Евро­па од Авга­ни­стан и дру­ги по­да­леч­ни ме­ста на Исто­кот пре­ку транс­вер­за­ла­та, од­нос­но пре­ку Тур­ци­ја, Ко­со­во и Ал­ба­ни­ја.“

Тој про­цес поч­нал уште пред ин­тер­вен­ци­ја­та на НА­ТО во 1999 го­ди­на, но ад­ми­ни­стра­ци­ја­та на Клин­тон ги иг­но­ри­ра­ла пре­ду­пре­ду­ва­ња­та. Од­но­сот бил це­мен­ти­ран со рев­но­ста на ве­те­ра­ни­те од УЧК кои се прик­лу­чи­ја на мре­жа­та на Оса­ма бин Ла­ден во Авга­ни­стан. Иран, исто та­ка, го под­др­жа ал­бан­ски­от бунт во Ко­со­во на­де­вај­ќи се де­ка ќе го пре­тво­ри ре­ги­о­нот во глав­на ба­за за ис­лам­ска­та во­о­ру­же­на деј­ност во Евро­па. До кра­јот на 1998 го­ди­на, аме­ри­кан­ски­те прет­став­ни­ци од ДЕА се жа­ле­ле де­ка транс­фор­ма­ци­ја­та на УЧК од те­ро­ри­сти во бор­ци за сло­бо­да ја отеж­на­ла нив­на­та спо­соб­ност да се за­пре про­то­кот на ал­бан­ски­от хе­ро­ин во Аме­ри­ка. Иа­ко, во тоа вре­ме, бом­бар­ди­ра­ње­то на Ср­би­ја од стра­на на НА­ТО бе­ше во полн ек, му­џа­хе­ди­ни­те беа со­јуз­ни­ци со Аме­ри­кан­ци­те. Ед­на де­це­ни­ја по­доц­на, ток­му тие со­јуз­ни­ци ќе ра­ко­во­дат со Ко­со­во. Де­нес, тоа е нај­ко­рум­пи­ра­но­то ме­сто во Евро­па со нај­ло­ша ад­ми­ни­стра­ци­ја, мо­но­ет­нич­ко лег­ло на кри­ми­нал и не­тр­пе­ли­вост, гла­вен из­вор на ире­ден­ти­зам и ре­ги­о­нал­на не­ста­бил­ност – ка­ко и клу­чен столб на „Зе­ле­на­та транс­вер­за­ла“.

Сан­џак  Об­ла­ста поз­на­та за мус­ли­ма­ни­те ка­ко Сан­џак („управ­на еди­ни­ца“ на тур­ски ја­зик) е ед­на од нај­кри­тич­ни­те ге­о­по­ли­тич­ки точ­ки на Бал­ка­нот. Се про­сти­ра на око­лу 8.500 ква­драт­ни ки­ло­ме­три долж гра­ни­ца­та ме­ѓу Ср­би­ја и Цр­на Го­ра, по­вр­зу­вај­ќи го ју­го­и­сточ­ни­от дел на Ко­со­во со се­ве­ро­за­пад­ни­от дел на Бос­на. Де­мо­граф­ска­та сли­ка на об­ла­ста е иск­лу­чи­тел­но комп­лекс­на. Спо­ред по­пи­сот во Ср­би­ја (2002 го­ди­на) и во Цр­на Го­ра (2003 го­ди­на), на­се­ле­ни­е­то во Сан­џак бро­е­ло 420.259 жи­те­ли. Од таа број­ка, 235.567 жи­ве­е­ле во Ср­би­ја, а 184.692 во Цр­на Го­ра. Спо­ред на­ци­о­нал­но­ста, 52 про­цен­ти би­ле Бош­ња­ци и мус­ли­ма­ни, до­де­ка 43 про­цен­ти би­ле Ср­би и Цр­но­гор­ци. Клуч­ни­от де­мо­граф­ски јаз во „Зе­ле­на­та транс­вер­за­ла“ по­стои во се­ве­ро­за­пад­на­та по­ло­ви­на на Сан­џак, вклу­чу­вај­ќи и три оп­шти­ни од Ср­би­ја (При­бој, Но­ва Ва­рош и При­је­пол­је) и Плев­ља од Цр­на Го­ра. До­кол­ку из­був­не но­ва кри­за на Бал­ка­нот во те­кот на след­на­та де­це­ни­ја, се стра­ву­ва де­ка тоа ќе би­де ток­му та­му.

Во­деч­ка фи­гу­ра во ло­кал­на­та по­ли­ти­ка е Му­а­мер Зу­кор­лиќ, сан­џач­ки­от му­фти­ја. Зу­кор­лиќ е во спор со ра­ко­водс­тво­то на Ис­лам­ска­та вер­ска за­ед­ни­ца (ИВЗ) во Ср­би­ја, ор­га­нот што тој од­би­ва да го при­фа­ти. Ли­де­ри­те на ИВЗ, ре­ис-ул-уле­ма Адем Зил­киќ и не­го­ви­от прет­ход­ник Хам­ди­ја Ју­суфс­па­хиќ, се не­моќ­ни да го по­ко­рат Зу­кор­лиќ би­деј­ќи тој е под­др­жан од мус­ли­ман­ско­то ли­дерс­тво во Са­ра­е­во и од дру­ги стран­ски (пре­теж­но арап­ски) из­во­ри. Иа­ко и две­те стра­ни во спо­рот твр­дат де­ка се про­ти­ват на ва­ха­би­стич­ка­та ин­фил­тра­ци­ја, Зу­кор­лиќ има ам­би­ва­лент­на по­зи­ци­ја. Ду­ри и отка­ко на око­лу 32 ки­ло­ме­три од гра­дот Но­ви Па­зар бе­ше откри­ен та­ен камп за обу­ка на ва­ха­би­сти опре­мен со оруж­је и со експ­ло­зи­ви, тој ре­че де­ка прем­но­гу му се да­ва зна­че­ње на проб­ле­мот. Отка­ко Цр­на Го­ра прог­ла­си не­за­вис­ност во мај 2006 го­ди­на, мус­ли­ман­ско­то ба­ра­ње за авто­но­ми­ја се фо­ку­си­ра на шест оп­шти­ни на се­вер­на­та стра­на на гра­ни­ца­та во Ср­би­ја. Мус­ли­ман­ско мно­зинс­тво во таа за­ед­ни­ца би из­не­су­ва­ло 58 про­цен­ти. И уште по­важ­но, ду­ри и во на­ма­лен фор­мат, се­пак, ќе прет­ста­ву­ва за­ка­на за коп­не­ни­от мост ме­ѓу Ко­со­во и Бос­на. 

Бос­на  Не­за­бо­рав­но­то твр­де­ње на Али­ја Изет­бе­го­виќ во Ис­лам­ска­та дек­ла­ра­ци­ја де­ка не мо­же да има мир или со­жи­вот ме­ѓу ис­лам­ска­та ве­ра и не­ис­лам­ски оп­штес­тва и по­ли­тич­ки ин­сти­ту­ции, и де­ка не­го­ва­та цел е го­ле­ма ис­лам­ска фе­де­ра­ци­ја што ќе се про­сти­ра од Ма­ро­ко до Ин­до­не­зи­ја, не е не­во­о­би­ча­е­но за еден искрен ис­ла­мист. Изет­бе­го­виќ бе­ше си­но­ним за биз­нис. Бил Клин­тон сѐ уште бил во Бе­ла­та ку­ќа ко­га кла­си­фи­ци­ран из­ве­штај на Стејт де­парт­мен­тот пре­ду­пре­ду­вал де­ка де­ло­ви од Бос­на, упра­ву­ва­ни од мус­ли­ма­ни­те, се за­сол­ни­ште за ис­лам­ски­от те­ро­ри­зам. Из­ве­шта­јот пре­ду­пре­ду­вал де­ка сто­ти­ци стран­ски му­џа­хе­ди­ни, кои ста­на­ле бо­сан­ски гра­ѓа­ни и оста­на­ле та­му по учес­тво­то во вој­на­та, прет­ста­ву­ва­ле го­ле­ма те­ро­ри­стич­ка за­ка­на за Евро­па и за САД. Ме­ѓу нив би­ле и твр­до­кор­ни те­ро­ри­сти по­вр­за­ни со Бин Ла­ден и за­шти­те­ни од стра­на на мус­ли­ман­ска­та вла­да. Тоа бе­ше по­твр­де­но во но­ем­ври 2001 го­ди­на ко­га бо­сан­ски па­со­ши, кои би­ле ко­ри­сте­ни од стра­на на Та­ли­бан­ци во бег­ство, беа про­нај­де­ни во ед­на  ку­ќа во Ка­бул.

Цен­та­рот на бал­кан­ска­та мре­жа на Бин Ла­ден се ве­те­ра­ни­те од бри­га­да­та „Ел Му­џа­хед“ на ар­ми­ја­та на бо­сан­ски­те мус­ли­ма­ни. Таа е ос­но­ва­на во 1992 го­ди­на и во неа би­ле вклу­че­ни во­лон­те­ри од це­ли­от ис­лам­ски свет. Еди­ни­ца­та се од­ли­ку­ва­ла со го­ле­ма су­ро­вост, вклу­чу­вај­ќи и се­че­ње на гла­ви­те на за­тво­ре­ни­ци­те до­де­ка пе­е­ле „Гос­под е го­лем“. Ел Му­џа­хед бил до­мот од ка­де што ме­ѓу­на­род­на­та те­ро­ри­стич­ка мре­жа се ши­ри во Евро­па и во Се­вер­на Аме­ри­ка. По за­вр­шу­ва­ње­то на вој­на­та во Бос­на, мно­гу мус­ли­ман­ски до­бро­вол­ци оста­на­ле та­му. Бо­сан­ска­та мус­ли­ман­ска вла­да ги пре­кр­ши­ла деј­тон­ски­те пра­ви­ла со до­де­лу­ва­ње­то бо­сан­ско др­жав­јанс­тво на не­кол­ку сто­ти­ци арап­ски и дру­ги ис­лам­ски до­бро­вол­ци. По­мал­ку од ед­на го­ди­на по за­вр­шу­ва­ње­то на вој­на­та тие до­бро си се снаш­ле, си ги при­сво­ју­ва­ле срп­ски­те имо­ти и се же­не­ле за та­мош­ни­те же­ни, по­не­ко­гаш и со си­ла.

Бо­сан­ски­те ве­те­ра­ни за­ми­на­ле да из­вр­шу­ва­ат убис­тва и оса­ка­ту­ва­ња во мно­гу зем­ји во Евро­па, Се­вер­на Афри­ка, Бли­ски­от Исток, Ази­ја и во Се­вер­на Аме­ри­ка. Од ад­ми­ни­стра­ци­ја­та на Клин­тон зна­е­ле за по­вр­за­но­ста на Оса­ма бин Ла­ден со бо­сан­ски­те мус­ли­ма­ни, но Ва­шин­гтон не ре­а­ги­рал на тоа. Ми­ле­ни­ум­ски­от за­го­вор од кра­јот на де­кем­ври 1999 го­ди­на и за мал­ку из­бег­на­ти­от обид на Ал Ка­е­да да го кре­не во воз­дух ме­ѓу­на­род­ни­от ае­ро­дром во Лос Ан­џе­лес би­ле исп­ла­ни­ра­ни од стра­на на те­ро­ри­стич­ка ќе­ли­ја што опе­ри­ра­ла во Мон­тре­ал – по­ве­ќе­то од нив би­ле ве­те­ра­ни во бо­сан­ска­та вој­на – а опе­ра­ци­ја­та би­ла кон­тро­ли­ра­на од цен­трал­на Бос­на. Ве­те­ра­ни­те, исто та­ка, се по­вр­зу­ва­ат и со бом­ба­шки­от на­пад на згра­да­та Ал Ко­бар во Ри­јад и со за­го­во­рот да ги кре­нат во воз­дух аме­ри­кан­ски­те во­е­ни об­је­кти во Гер­ма­ни­ја. Ду­ри и те­ро­ри­стич­ки­те на­па­ди од 11 сеп­тем­ври 2001 го­ди­на ги по­вр­зу­ва­ат со Бос­на: Ка­лид ше­ик Му­ха­мед, кој ги пла­ни­рал на­па­ди­те од 11 сеп­тем­ври 2001 го­ди­на, бил иску­сен ве­те­ран од бо­сан­ски­от џи­хад, ка­ко што би­ле и двај­ца од кид­на­пе­ри­те.

Иран ве­ќе си обез­бе­дил си­гур­но зем­ји­ште во Бос­на ко­га ад­ми­ни­стра­ци­ја­та на Клин­тон до­би­ла по­мош од Те­хе­ран во снаб­ду­ва­ње­то на мус­ли­ман­ска­та ар­ми­ја со оруж­је. Тоа би­ло на­пра­ве­но во спро­тив­ност на ем­бар­го­то за оруж­је на ОН на­мет­на­то од стра­на на САД и зад гр­бот на европ­ски­те со­јуз­ни­ци. Ду­ри и ЦИА и од­де­ле­ни­ја за др­жа­ва­та и за од­бра­на не би­ле из­ве­сте­ни за тоа. Иран­ски­те раз­уз­на­вач­ки опе­ра­тив­ци дош­ле со оруж­је. Ре­зул­та­тот е сим­би­от­ски­от од­нос ме­ѓу вла­де­јач­ка­та мус­ли­ман­ска за­ед­ни­ца во Са­ра­е­во и ре­жи­мот во Те­хе­ран.

Пос­лед­но, но не и нај­мал­ку важ­но, Бос­на и на­та­му оста­ну­ва пат­на ста­ни­ца за ил­јад­ни­ци не­ле­гал­ни мус­ли­ман­ски ими­гран­ти од Бли­ски­от Исток кои се оби­ду­ва­ат да вле­зат во За­пад­на Евро­па. Изет­бе­го­виќ под­не­се оста­вка во 2000 го­ди­на, но твр­до­кор­ни­те по­ли­ти­ча­ри што го ин­тер­на­ци­о­на­ли­зи­ра­ле не­го­во­то уче­ње и не­го­ва­та ви­зи­ја оста­ну­ва­ат актив­ни на си­те ни­воа на мус­ли­ман­ска­та но­менк­ла­ту­ра во Бос­на. Ка­ко што „Џејнс ин­те­ли­џенс рив­ју“ (заб. ме­се­чен вес­ник за во­е­но раз­уз­на­ва­ње) зак­лу­чи во 2006 го­ди­на, „акту­ел­на­та за­ка­на од те­ро­ри­зам во Бос­на и Хер­це­го­ви­на до­а­ѓа од пом­ла­да, по­во­е­на ге­не­ра­ци­ја ис­лам­ски акти­ви­сти, ра­ди­ка­ли­зи­ра­ни од аме­ри­кан­ски­те ак­ции во Ирак и во Авга­ни­стан“.

 

„Зе­ле­на­та транс­вер­за­ла“ и вој­на­та про­тив те­ро­риз­мот

На Бал­ка­нот, тоа е по­ја­ва што се ба­зи­ра врз ло­кал­ни гру­пи, но се ме­ну­ва ка­ко ин­те­гра­лен дел од гло­бал­на­та мре­жа. Ал Ка­е­да и неј­зи­ни­те вр­ски на Бал­ка­нот, или не­за­вис­ни­те те­ро­ри­стич­ки ќе­лии кои на­ста­ну­ва­ат инс­пи­ри­ра­ни од неа, се спо­соб­ни да акти­ви­ра­ат опе­ра­тив­ци што изг­ле­да­ат ка­ко Евро­пеј­ци и на­ви­дум се дел од за­пад­но­то оп­штес­тво –  „бе­ла­та Ал Ка­е­да.“ За­пад­ни­те служ­бе­ни­ци за спро­ве­ду­ва­ње на за­ко­нот приз­на­ва­ат де­ка ре­ги­о­нот ста­нал рај за ис­лам­ски­те ра­ди­ка­ли.

Спро­тив­но на тоа, за­пад­ни­те по­ли­ти­ча­ри и дип­ло­ма­ти се обич­но двос­мис­ле­ни. Тие не го не­ги­ра­ат по­сто­е­ње­то на проб­ле­мот, но има­ат тен­ден­ци­ја да го ре­ла­ти­ви­зи­ра­ат со до­да­ва­ње де­ка е ма­ла ве­ро­јат­но­ста оти мо­же да ја на­ру­ши по­ли­тич­ка­та и без­бед­нос­на­та рам­но­те­жа во ре­ги­о­нот или да ги оште­ти за­пад­ни­те ин­те­ре­си. Ка­ко што еден по­ра­не­шен дип­ло­мат од ре­ги­о­нот за­бе­ле­жу­ва: „То­гаш обич­но сле­ду­ва убе­ду­вач­ка ман­тра за про­е­вроп­ска­та ори­ен­та­ци­ја на се­ку­ла­ри­зи­ра­ни­те бал­кан­ски мус­ли­ма­ни со оп­ти­ми­стич­ки зак­лу­чок де­ка за­бр­за­ни­от про­цес на евро­ин­те­гра­ци­ја на це­ли­от ре­ги­он ќе го на­ма­ли про­сто­рот за ра­ди­кал­ни­от ис­лам сѐ до­де­ка ко­неч­но не ис­чез­нат та­кви­те тен­ден­ции“.

Проб­ле­мот со та­кво­то оп­ти­ми­стич­ко оце­ну­ва­ње не е де­ка тоа е со­се­ма по­греш­но, ту­ку де­ка ста­ну­ва по­мал­ку во ред со се­кој из­ми­нат ден. А, го­ле­ма ви­на на за­пад­ни­от при­стап е не­го­ва­та на­ив­на вер­ба во атра­ктив­ни­те ов­ла­сту­ва­ња на се­ку­ла­ри­за­ци­ја­та. По­стои рас­теч­ки јаз ме­ѓу ре­ал­но­ста на ис­ла­мот на Бал­ка­нот и глав­на­та при­каз­на на За­па­дот за на­вод­но уме­ре­ни­от и то­ле­ран­тен ис­лам на Бал­ка­нот. Проб­ле­мот со „Зе­ле­на­та транс­вер­за­ла“ не­ма да се ре­ши без кри­тич­ко пре­ис­пи­ту­ва­ње на по­ли­ти­ка­та на За­па­дот, ка­ко и на не­го­ви­те илу­зии. Во те­кот на из­ми­на­ти­те две де­це­нии, тој проб­лем се пре­тво­ри во де­мо­граф­ска, со­ци­јал­на и по­ли­тич­ка ре­ал­ност: „До­де­ка мус­ли­ма­ни­те кон­ти­ну­и­ра­но пра­ват раз­дор ме­ѓу хри­сти­ја­ни­те во цен­трал­на Евро­па, За­па­дот рам­но­душ­но ја гле­да си­ту­а­ци­ја­та за ко­ја се на­де­ва де­ка ќе соз­да­де пос­лу­шен ис­лам ка­ко тур­ски­от. Но, со ог­лед на тоа што и са­ма­та Тур­ци­ја стра­да од мус­ли­ман­ски фун­да­мен­та­ли­сти, не е си­гур­но да­ли на­де­жи­те ќе би­дат ис­пол­не­ти“.

На­ви­сти­на не­ма сом­не­ва­ње. Да­ле­ку од обез­бе­ду­ва­ње мо­дел на про­за­па­ден „уме­рен ис­лам“, Ко­со­во, мус­ли­ман­ска Бос­на, Сан­џак, за­пад­на Ма­ке­до­ни­ја и јуж­на Бу­га­ри­ја се ве­ќе плод­на поч­ва за ил­јад­ни­ци мла­ди твр­до­кор­ни ис­ла­ми­сти. Нив­на­та по­све­те­ност е ис­по­ли­ра­на во ил­јад­ни­ци но­во­из­гра­де­ни, најм­но­гу џа­мии и ис­лам­ски цен­три. Ше­фот на ис­лам­ска­та за­ед­ни­ца во Са­ра­е­во си ја ка­жа на­ме­ра­та.

– Ма­ли­от џи­хад за­вр­ши … бо­сан­ска­та др­жа­ва е не­до­пре­на. Но, се­га ние тре­ба да се бо­ри­ме за по­го­лем, втор џи­хад – из­ја­ви Му­ста­фа Це­риќ, ре­ис-ул-уле­ма на Бос­на и Хер­це­го­ви­на, пред по­ве­ќе од ед­на де­це­ни­ја. Оваа из­ја­ва ја одра­зу­ва ди­на­ми­ка­та својс­тве­на на по­ли­тич­ки­от ис­лам: при­мир­је­то со дар ал харб е доз­во­ле­но, по­не­ко­гаш ду­ри и со ман­дат, но трај­ни­от мир е не­воз­мо­жен сѐ до­де­ка по­стои еден не­вер­ник што од­би­ва да се пот­чи­ни на дар ал ис­лам.

Ако по­ли­ти­ка­та на За­па­дот, осо­бе­но по­ли­ти­ка­та на САД за Бал­ка­нот, не би­ла со цел да се олес­ни „Зе­ле­на­та транс­вер­за­ла“, пра­ша­ње­то не е зо­што, ту­ку ка­ко неј­зи­ни­те ефе­кти па­ра­до­ксал­но се сов­па­ѓа­ат со ре­ги­о­нал­ни це­ли на исти­те ис­ла­ми­сти со кои се со­о­чу­ва Аме­ри­ка и во дру­ги де­ло­ви во све­тот.

 

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top