12 илјади Руси протестираа на митингот во Москва наречен „Марш за права на децата“. Ги носеа сликите на децата кои настрадале во несреќни случаи или биле убиени од оние кои ги усвоиле во САД. Официјално од 60 илјади руски деца усвоени во последните 20 години во САД, настрадале 20.
Повод за митингот е смртта на Максим кузмин тригодишно момче усвоено од семејство во Тексас. Овој случај крена прашина во Русија уште пред истрагата, откако детскиот правобранител тврдеше дека детето било убиено од новата мајка. Официјалната причина по обдукцијата беше несреќен случај.
Сега демонстрантите во Москва бараа да се поништи усвојувањето на неговиот брат Кирил и тој да се врати во Русија. Но исто така протестираа и за подобрување на условите на детските домови во Русија и комплицираните услови за усвојување.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.