| четврток, 6 декември 2018 |

Шведската полиција со коњи ги изгази демонстрантите во Малме (Видео)

sveden policeНајмалку тројца демонстранти се повредени кога коњичка полиција денес се судрила со демонстранти во шведскиот град Малме. Уште едно лице било полесно повредено со удар со пендрек, соопшти шведската полиција. За време на протестите, шест лица биле приведени поради предизвикување насилство, нарушување на јавниот мир или затоа што носеле маски.

Полицајците на коњи почнале да ја растеруваат групата од околу илјада демонстранти. Некои од нив фрлале со камења. Шведските медиуми објавиле фотографии од луѓе кои лежат на земја, додека полициските коњи претрчуваат преку нив.

Демонстрантите протестирале поради митингот на екстремно десничарската Партија на Швеѓаните пред изборите закажани за 14 септември.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top