| четврток, 6 декември 2018 |

Кери во Египет: Реформи а потоа помош

кериАмериканскиот државен секретар Џон Кери ги повика власта и опозицијата во Египет да создадат стабилна политичка клима што ќе овозможи поволна бизнис клима. Тој во Египет пред локалните бизнисмени нагласил дека за Египет е многу важно да ги почитува човековите права, слободата на говорот и вцерската толеранција. Тоа, нагласил Кери, е важно колку и справувањето со економските предизвици.

Египет мора да спроведе реформи за да може да побара помош од ММФ од 4,8 милијарди долари. Тоа значи зголемување на даноците и ставање под контрола на цените на енергенсите. Посебна важност има застанувањето на египетската економија на нозе, да зајакне, а јасно е дека постои модел за тоа, порачал Кери додавајќи дека клучно е инвеститорите да се чувствуваат сигурни.

Кери најави дека утре на претседателот Мохамед Морси  ќе му ја пренесе пораката од Обама дека натамошната помош од САД и од ММФ ќе зависи исклучиво од реформите во Египет.

Американскиот државен секретар во Египет го дочекаа големи нереди, само во Порт Саид над 500 демонстранти фрлаа камења и молотови коктели врз полицијата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top