-Имаше кучиња, мачки, гуски, кокошки, фазани, од се` по нешто, дури и змии- наведе еден полицаец, додавајќи дека смрдеата се чувствувала дури од улица.Околу 2000 живи и мртви животни се пронајдени во домот на еден Американец во местото Лотел, во Луизијана, кога полицијата интервенирала на повик од соседите кои се жалеле на големата смрдеа.
Властите во куќата и во дворот изброиле околу 2.000 животни од секаков вид, од кои добар дел биле мртви. Меѓутоа, тоа што најмногу ги изненадило полицајците е реакцијата на сопственикот на домот, Дејвид Лефлер.
-Беше крајно навреден што му ги одземаме животните. Беше уверен дека правилно постапува со нив- рече Џеси Белард, претставничка на локалната заедница.
Според пренесувањето на американските медиуми, дел од животните ќе мора да бидат успиени, додека грижата за другите ќе ја преземат ветеринари со надеж дека подоцна ќе бидат вдомени. Лефтер ќе остане позади решетки до судењето за сурово однесување кон животни.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Опструкции на секој чекор: Граѓаните кои доаѓаа на протест стопирани на секоја патарина (галерија)
-
Хит на Фејсбук: Хрватски полицајци се обидуваат да поправат службено возило (видео)
-
Само кренат глас ќе се слушне: Полицајците во понеделник на марш низ Скопје
-
Убиецот од Мала Речица вечерва приведен во селото Гајре


