Можат ли македонските фармери да ги зголемат количините на домашно месо и да го намалат увозот? Статистиката е против фармерите – нецели 30% од месото во преработувачката месна индустрија е од домашно потекло, остатокот е увозен кој чини околу 33 милиони евра, пренесе ТВАлфа. Одгледувачите на свињи велат дека за да ги надоместат потребните количини е потребно долго време и државна стратегија која ќе ги фаворизира овие производители. Агроекономистот Борис Анакиев како успех го смета ако за 5 години се преполови сегашниот увоз на месо. Намалениот добиточен фонд, годинава ќе доживее уште еден удар овојпат од болеста син јазик. Домашното месо би требало да поевтини и да стане поконкурентно догодина кога се очекуваат ефектите од намалувањето на ДДВ-то за сточна храна на 5%. Дотогаш главни периоди за поголема продажба и извоз на домашно месо ќе останат верските празници како Божик, Велигден и Бајрам, а фармерите ќе застанат на одгледување на зацртаниот број на говеда на 238 илјади, 731 илјада овци и 167 илјади свињи.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


