Десетици илјади Португалци протестираа низ 20 градови во земјата против мерките за штедење. Најголемиот собир беше во Лисабон, на кој доминираа транспаренти на кои пишува „Кој ја е** тројката, си ги сакаме животите назад“.
„Тројката“ всушност се Европската комисија, ММФ и Европската централна банка, трите клучни институции од кои зависат заемите за паднатите економии и кои ги диктираат реформските процеси. Португалија и оваа трета година по ред ќе ја помине во рецесија со пад на економијата од 2 проценти. Невработеноста е на рекордни 17,6 проценти.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Продолжија протестите ширум Бугарија, блокирани патишта и гранични премини
-
Судири меѓу полицијата и каталонски сепаратисти во Барселона: Има повредени и уапсени
-
Се судрија германски националисти и про-имигрантски групи во градот Хемниц: Девет лица се повредени
-
Се протестира во Молдавија за обединување со Романија


