| четврток, 6 декември 2018 |

Во понеделник ново извлекување на „Фискална во рака-награда без мака“

fiskalna

Во понеделник на 25 август, со директен пренос на МТВ1 ќе се одржи деветото извлекување од наградната игра „Фискална во рака – награда без мака“, чиј приредувач е Државна лотарија на Македонија под покровителство на Министерство за финансии.

Во ова коло на наградната игра се извлекува за еден автомобил, 30 вредносни ваучери од 3.000 до 60.000 денари и 120 вредносни ваучери за прехранбени продукти во вредност од по 1.000 денари.

Во извлекувањето учествуваат сите коверти испратени за деветото коло со сметки кои се валидни од најран датум 15.11.2013 година.

Досега од наградната игра „Фискална во рака – награда без мака“ се доделија два стана и тоа на добитникот Трајко Кузмановски од Куманово и добитничката Весна Угриновска од Велес, два деловни простори како и осум автомобили.

Покрај главните награди за претходните 8 извлекувања доделени се и 1.200 вредносни ваучери од 60.000 до 1.000 денари на добитници ширум Македонија.

Добитниците на вредносните ваучери по различни категории, своите награди ќе ги подигнат од благајната на приредувачот. Ваучерите во вредност од 1.000 до 5.000 денари за добитниците од другите градови освен Скопје, ќе бидат доставени на адреса на добитникот со препорачана пошта, додека за подигање на ваучерите во вредност од над 5.000 денари добитниците треба да дојдат во благајната на Државна лотарија на Македонија, во рок не подолг од 60 дена од објавата на извештајот со добитници од наградната игра.

Имињата на добитниците, во рок од три дена по секое извлекување, се  објавуваат во дневниот печат и на веб страната на Државна лотарија на Македонија. По добивање на вредносните ваучери, добитниците имаат можност согласно категоријата на производи, да се обратат на кое било продажно место на соработниците, наведени на самиот ваучер, каде во соодветната категорија на производи може да изберат еден или повеќе производи до соодветната вредност, со дополнително намалена вредност од малопродажната (наведен процент на попуст на ваучерот), со што се остава слобода на изборот согласно потребата на добитникот, се вели во соопштението на Државната лотарија на Македонија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top