| четврток, 6 декември 2018 |

Русија ја одбрани својата одлука за испраќање хуманитарен конвој

curkin

Постојаниот претставник на Русија во Обединетите нации Виталиј Чуркин изјави по седницата на Советот за безбедност синоќа дека некои членови на Советот не биле заинтересирани за фактот дека во Украина умираат луѓе и оти во земјата има хуманитарна катастрофа, туку само негодувале поради хуманитарниот конвој на Русија,
од тоа дека Москва им укажува хуманитарна помош на луѓето кои се под постојани закани од напади.
На седницата тој напоменал дека Русија добила официјална согласност од украинските власти да испрати хуманитарна помош.
– Ние уште на 12 август добивме од нив нота со согласност. Дури потоа колоната возила почна да се движи кон украинска територија – рече Чуркин.
Тој ги обвини западните сили дека е лицемерно да ја критикуваат Русија за испраќањето на помош за цивилното население в источна Украина, откако побараа тоа да го сторат во Сирија.
Чуркин пред членовите на СБ ја споменал резолуцијата 2.165 од јули, со која се дозволува доставување хуманитарна помош за Сирија без согласност на Владата на земјата.
– Тоа е правна новина, но во случајот со Украина добивме согласност од Владата – изјави тој.
– Постои впечаток дека во Украина недостига командна хиерархија. Некои гаранции се даваат од највисоко ниво, а потоа други не им даваат дозвола на граничните служби да ги пропушат камионите. Оваа игра не може да продолжи вечно – додаде тој.
Актуелниот претседавач на Советот, британскиот амбасадор Марк Лајл Грант изјави дека во текот на рсправата немало единство на мислењата и оти многу земји изразиле загриженост и сомневање во врска со „незаконските еднострани дејстија на Русија“.
Чуркин, пак, истакна дека голем број земји покажале разбирање за Русија, како Кина и држави од Латинска Америка.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top