Без струја утре од 9 до 14 часот ќе останат корисниците од селото Копаница. Како што соопшти Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, без електрична енергија во понеделник од 8 до 13 часот ќе останат корисниците од реонот Голем Рид во Радишани, од 9 до 15 часот корисниците од село Грчец, од 8 до 10 часот дел од улица „Методија Патчев“ и улицата „Ратко Митровиќ“ во општина Аеродром, од 8 до 15 часот улицата „Христијан Тодоровски Карпош“ и од 9 до 15 часот улица „Прашка“ во општина Карпош, и од 9 до 15 часот дел од корисниците од улицата „Волт Дизни“ и „Димче Мечето“ во општина Шуто Оризари.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


