| четврток, 6 декември 2018 |

Деверуша за изнајмување

Њујорчанката Џен Гланц дефинитивно ја има најинтересната професија- деверуша за изнајмување.

26 годишната Џен е одлична во својата улога и солидно заработува од тоа.

Помага во пишување на говорите, изборот на танц и во придружбата на невестата. Вели дека чувството да се биде дел од една ваква приказна е одлично.

– Секогаш ги сакав свадбите, а најмногу сакам да ја гледам младата како оди до олтарот. Тоа е прекрасен момент, а јас уживам во сето тоа, вели Гланц.

Џен добива пораки од луѓе кои сакаат да ја ангажираат и надвор од САД. Веќе има резервирано две свадбени церемонии во септември, но за неа не е се во парите, таа ужива да ја работи оваа „професија“.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top