| четврток, 6 декември 2018 |

Временската прогноза погодна за викенд на планина

Reportaza100-5

Нов викенд пред нас, а времето, според Метеопро, е релативно фино за на планина.

Сабота:

Сабота ќе помине во претежно сончево и топло време. Попладне само мало зголемување на облачноста и услови за слаб краткотраен дожд во Осогово и локално на Шара.

Просечна висина на 0°С изотерма на пладне: 4400 метри.
Температура на слој на воздух на 1500м на пладне: Околу 23°С јужна експонираност, околу 20°С на северна експонираност.

Ветер на 1500м: Слаб југозапад и запад со тенденција на мало засилување попладне.

УВ индекс: 7

Недела:

Недела ќе биде малку посвежа, но многу ветровита. Мало зголемување на облачноста ќе има приквечер кога ќе се создадат сосема миимални услови за повремен и слаб дожд ќе има во мал дел од западна трансверзала, и околу Осогово.

Просечна висина на 0°С изотерма на пладне: 3900 метри.
Температура на слој на воздух на 1500м на пладне: Околу 22°С јужна експонираност, околу 19°С на северна експонираност.
Ветер на 1500м: Умерен до засилен север-северозапад.

УВ индекс: 7

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top