Хрватската Влада по барање на САД одлучи вишокот оружје да им го подари на Курдите во нивната борба против припадниците на џихадистичката група Исламска држава (ИД).
Владата во Загреб ја донесе оваа одлука вчера на затворена седница, а според весникот „Јутарњи лист“ станува збор за подарување на пешадиско вооружување и муниција, кои ќе завршат во рацете на ирачката војска и Курдите во борба против „крволочните борци на ИД“.
САД од сите членки на НАТО побараа помош во оружје, а дел од собраните резерви ќе им биде даден на ирачката војска, односно Курдите во северниот дел на Ирак.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


