| четврток, 6 декември 2018 |

ОН: Во Сирија за три години загинаа преку 191.000 луѓе

 

siriaПовеќе од 191.000 луѓе загинаа во Сирија од почетокот на конфликтот во 2011 година, соопштија Обединетите нации.

Високиот комесаријат на ОН за човекови права има документирани 191.369 жртви во Сирија од март 2011 година до април 2014 година. Тоа е двојно повеќе жртви од 2013 година, до кога загинаа 93.000 лица.

– Убијците, уривачите и садистите во Сирија и во Ирак беа охрабрени од парализата на меѓународната заедница – изјави високата комесарка на ОН за човекови права, Нави Пилај.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top