
Иако таткото на исчезнатата Ивана Подрашчиќ тврди дека нема време да се занимава со тоа, полицијата 24 часа трага по неа. На 14-годишното девојче од 29 јули му се губи секаква трага, и додека полицијата интензивно се обидува да ја пронајде, таткото вели дека не сака ни да ја бара.
– Ве молам, како отишла каде што отишла така и ќе си се врати. Ова не ѝ е прв пат. Јас морам да работам бидејќи имам уште три деца за гледање. Сè е во рацете на полицијата, немам сила да се борам со неа – вели таткото.
Од друга страна, полицијата деноноќно го бара девојчето од кое нема ни трага ни глас. Сослушани се родителите, другарите, роднините, најблиските…Според неофицијалните податоци, пред да исчезне се скарала со момчето, се скарала со сестра си… а неколкупати до сега исчезнувала од дома.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


