Словенечки „Триглав“ е заинтересирана за купување на хрватската „Кроација Осигурување“ и српската осигурителна куќа „ДДОР“ од Нови Сад. Според директорот на осигурителна компанија „Триглав“, Матјаж Раковец купувањето на двете осигурителни компании од Хрватска и Србија, би ја чинело словенечката групација околу 400 милиони евра.
– Така уделот на „Триглав“ во пазарот за осигурување во регионот ќе се зголеми за 35 проценти, пренесува словенечкиот бизнис весник „Финанце“.
Раковец оцени дека реализацијата на овие трансакции е условена од плановите на Владата во Љубљана за приватизација „Триглав“, кој е во сопственост на државата. Според овие планови, државата би задржала една четвртина од акциите на „Триглав“, а останатите три четвртини би му биле продадени на инвеститор. Според Раковец, „Триглав“ има договор со Меѓународниот финансиски центар (ИФЦ), со која се предвидува словенечката компанија да стане осигурителен центар на Југоисточна Европа.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.