Летото е создадено за вистинско уживање и зарелаксација, а, од друга страна, „Фејсбук“ е создаден за себепромовирање. Како и сите светски пејачки, манекенки, водителки, ова лето го одбележаа македонските водителки Лила и Маја Поцевска, сексапилната Мелита, како и манекенката Катарина Ивановска.
Поцевска реши да ги почести своите пријатели на социјалната мрежа со фотографија во бикини.
Мелита одморот во Анталија го користи за полнење на батериите, но и за позирање пред фотоапаратот. Таа ги израдува фановите со неколку фотосесии.
Македонската водителка Лила ова лето се пресели на црногорското крајбрежје. Секси и заводлива, ужива на Јадранско Море.
Македонската манекенка Катарина Ивановска одморот го помина на Хвар. Таа на социјалната мрежа објави фотографија на која се сонча топлес.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.