| четврток, 6 декември 2018 |

ОН би посредувала во Сирија

un-syriaОбединетите нации се подготвени да посредуваат во преговори меѓу власта и бунтовниците во Сирија, кои би довеле до прекин на судирите во оваа блискоисточна земја.Во сооопштението издадено по денешната средба меѓу генералнито секретар на ОН, Бан Ки-мун со претставникот на Светската организација и на Арапската лига за Сирија, Лахдар Брахими во швајцарскиот град Мон Пелерин, се изразува длабоко разочарување од неспособноста на меѓународната заедница да стави крај на сирискиот конфликт.

– ОН ќе го подржат и се подготвени да посредуваат во дијалог меѓу силна и соодветно застапена делегација на опозицијата и доверлива делегација на сириската Влада, која ќе ги има потребните овластувања, се истакнува во соопштението.

Бан и Брахими изразуваат загриженост поради „зголеменото неразумно однесување на сириската Влада и на опозицијата, поради што страда населението на Сирија“.

– Меѓународната заедница треба да се насочи кон барањето политичко решение на конфликот, со што ќе се зголемат надежите дека Сирија ќе се претвори во демократска земја што ќе ги штити правата на сите заедници, се потенцира во соопштението.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top