| четврток, 6 декември 2018 |

Со лицемерство против исламскиот фундаментализам

nenad mircevski2

Ненад Мирчевски

Ак­ци­ја­та на ко­сов­ски­те без­бед­нос­ни си­ли за раз­би­ва­ње на до­бро­ор­га­ни­зи­ра­на те­ро­ри­стич­ка мре­жа по­ка­жу­ва де­ка опас­ни ра­ди­кал­ни стру­кту­ри нав­ле­гу­ва­ат сѐ под­ла­бо­ко во по­ри­те на оп­штес­тво­то пре­ку вер­ски­те ин­сти­ту­ции не са­мо во Ма­ке­до­ни­ја, ту­ку и во ре­ги­о­нот, а ал­бан­ски­те по­ли­ти­ча­ри и ин­те­ле­кту­ал­ци, на че­ло со мус­ли­ман­ски­те вер­ски ли­де­ри, сѐ уште ги др­жат гла­ви­те за­ко­па­ни во пе­сок.

Сло­бо­до­ум­ни­те Ал­бан­ци-ин­те­ле­кту­ал­ци на Ко­со­во, по ак­ци­ја­та за ап­се­ње го­ле­ма гру­па при­вр­за­ни­ци на оз­лог­ла­се­ни­те те­ро­ри­стич­ки ор­га­ни­за­ции ИСИЛ и Ал Ка­е­да, со­се­ма из­др­жа­но пра­шу­ва­ат да­ли тие стру­кту­ри пад­наа од не­бо и кој ги за­шти­ту­вал до­се­га. Тие не са­мо што не се за­до­во­лу­ва­ат со 40 уап­се­ни те­ро­ри­сти (!), ту­ку ба­ра­ат од та­мош­ни­те вла­сти це­лос­но раз­об­ли­чу­ва­ње на овие фун­да­мен­та­ли­стич­ки мре­жи и откри­ва­ње на нив­ни­те ја­та­ци. Фа­ктот де­ка ме­ѓу уап­се­ни­те има­ло и ма­ке­дон­ски др­жав­ја­нин уште ед­наш по­твр­ду­ва де­ка и Ма­ке­до­ни­ја не е „иму­на“ на овој „кан­цер“, кој е се­ри­оз­на за­ка­на за оп­штес­тво­то. Но, за раз­ли­ка од ко­сов­ски­те, Ал­бан­ци­те во зем­ја­ва не са­мо што ги пре­мол­чу­ва­ат за­ка­ни­те од вгнез­ду­ва­ње­то на овие стру­кту­ри ме­ѓу ло­кал­но­то мус­ли­ман­ско на­се­ле­ние ту­ку и сѐ по­че­сто се ста­ва­ат во од­бра­на на ек­стре­миз­мот на­па­ѓај­ќи ги др­жав­ни­те ин­сти­ту­ции и за­гро­зу­вај­ќи го со­жи­во­тот.

За­се­га, ра­ди­кал­ни­те ис­ла­ми­сти во Ма­ке­до­ни­ја единс­тве­но по­сто­јат са­мо ко­га се мр­тви. Од­нос­но, ал­бан­ска­та за­ед­ни­ца ги спом­ну­ва са­мо ко­га ќе стиг­не вест за не­кој што за­ги­нал на бо­и­шта­та во Си­ри­ја бо­реј­ќи се под зна­ме­то на му­џа­хе­ди­ни­те. До­се­га не сме слуш­на­ле Ис­лам­ска­та вер­ска за­ед­ни­ца или, пак, не­кој од вер­ски­те ли­де­ри да из­ле­зе со ја­сен и хра­бар став со кој ќе го осу­ди та­кви­от на­чин на пра­кти­ку­ва­ње на ис­ла­мот, ќе се ди­стан­ци­ра од ра­ди­ка­лиз­мот и ќе по­ба­ра од др­жав­ни­те ин­сти­ту­ции да ги ос­ло­бо­дат вер­ски­те об­је­кти од на­сил­ни­ци­те и да ги за­шти­тат од тие стру­кту­ри пр­во ви­стин­ски­те мус­ли­ман­ски вер­ни­ци, а по­тоа и оста­на­ти­те гра­ѓа­ни во зем­ја­ва. Тен­ден­ци­и­те и слу­чу­ва­ња­та не сме­ат да ги пре­мол­чу­ва­ат ни­ту кре­а­то­ри­те на јав­но­то мис­ле­ње во ал­бан­ска­та за­ед­ни­ца (по­ли­ти­ча­ри­те, но­ви­на­ри­те, ана­ли­ти­ча­ри­те, на­уч­ни­те ра­бот­ни­ци и ака­де­ми­ци­те), кои, исто та­ка, има­ат го­ле­ма уло­га при за­шти­та­та на тра­ди­ци­о­нал­ни­от ис­лам. Вер­ски­те ли­де­ри и си­те спо­ме­на­ти фа­кто­ри што ги пре­мол­чу­ва­ат ѕверс­тва­та што ги пра­ват овие те­ро­ри­стич­ки гру­пи во име­то на Алах(?), не са­мо што не се гри­жат за кре­ди­би­ли­тет на ве­ра­та и за ви­стин­ски­те вер­ни­ци ту­ку и го жр­тву­ва­ат ме­ѓу­ет­нич­ки­от со­жи­вот кој тра­ди­ци­о­нал­но од­лич­но оп­сто­ју­вал со ве­ко­ви. Ток­му по­ра­ди тоа, ал­бан­ска­та за­ед­ни­ца е долж­на сил­но да ги осу­ди овие ра­ди­кал­ни стру­кту­ри не са­мо во Ма­ке­до­ни­ја, ту­ку и во Ко­со­во и во Ал­ба­ни­ја, и да под­др­жи ин­сти­ту­ци­о­нал­но ре­ша­ва­ње на проб­ле­мот. Вол­ја­та и од­луч­но­ста за ста­ва­ње гра­ни­ца ме­ѓу ра­ди­кал­ни­те ис­ла­ми­сти и оста­на­ти­те мус­ли­ман­ски вер­ни­ци мо­жат да ја по­ка­жат на не­кол­ку на­чи­ни. На­ме­сто да се бо­рат про­тив фун­да­мен­та­лиз­мот со ли­це­мерс­тво, тоа мо­же да го на­пра­ват пре­ку сил­но и нед­вос­мис­ле­но огра­ду­ва­ње од ра­ди­кал­ни­те ис­ла­ми­сти, же­сто­ко осу­ду­ва­ње на вар­варс­тва­та што ги пра­ват врз ци­вил­но­то на­се­ле­ние низ све­тот и под­др­жу­ва­ње на за­ко­нот со кој ќе се за­бра­ни учес­тво­то на ма­ке­дон­ски др­жав­ја­ни во стран­ски вој­ни. Во спро­тив­но, ток­му уме­ре­ни­те ќе би­дат пр­ви­те и нај­го­ле­ми жр­тви во вна­тре­ис­лам­ски­от конф­ликт до кој ќе мо­ра да дој­де ако про­дол­жат трен­до­ви­те што трг­ну­ва­ат од Бли­ски­от Исток и пре­ку „Зе­ле­на­та транс­вер­за­ла“ ста­ну­ва­ат дел од до­маш­на­та по­ли­ти­ка и жи­вот.

Ставовите искажани во рубриката Колумни се лични ставови на авторите и не се автоматски и ставови на редакцијата на Republika.mk. Редакцијата на Republika.mk се оградува од ставовите во објавените колумни, а одговорноста за изнесеното во нив е исклучиво на авторот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top