
Градските власти известија дека во деновиве од викендот на булеварот Митрополит Теодосиј Гологанов ќе има привремен сообраќаен режим.
Градежните активности – попречни прекопи за поставување подземна инсталација, ќе се извршуваат во период од 7 до 17 часот, на потегот од крстосницата со булеварот 8 Септември до крстосницата со улицата Московска. Сообраќајот ќе се одвива во согласност со привремено поставениот режим. Град Скопје ги замолува сите учесници во сообраќајот да се придржуваат кон привремено поставениот режим на сообраќај.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


