Ловци на јапонскaта авијација биле кренати во акција за да ги пресретнат двата руски стратегиски бомбардери Ту-95, кои навлегле во јапонскиот архипелаг. Според информации што се пренесуваат од Министерството за одбрана на Јапонија, руските авиони не го нарушиле воздушниот простор на Јапонија. Пилотите летале над акваторија на Јапонско Море од север на југ до границата со Источно Кинеско Море, а потоа продолжиле над Тихи Океан до островот Сахалин. Истовремено меѓу Русија и Јапонија имало и друг поморски инцидент. Јапонска подморница навлегла 15 км во руските територијални води. Бродски одред и делови на руската поморска авијација ја следеле подморницата сè додека не ги напуштиле руските води.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


