На дваесет и осми август, на големиот празник Голема Богородица, официјално ќе биде пуштен во употреба плоштадот во населбата Влае, лоциран до станбениот комплекс „Порта Влае“.
Името на плоштадот ќе биде Влае, а шеталиштето зафаќа површина од 6.500 квадратни метри.
Плоштадот е хортикултурно уреден со зеленило и цвеќиња, односно со 10.000 цветни садници. Поставени се 50 канделабри, 60 клупи за седење, 20 канти за отпадоци и три фонтани за пиење вода.
На овој простор, наредната година ќе почне изградба на црква со површина од 130 квадратни метри.
Според општинските власти, целокупниот проект чини околу 30 милиони денари
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



