| четврток, 6 декември 2018 |

Дачиќ: Србија не поттикнува извоз на штета на ЕУ

dacicПотпретседателот на Владата на Србија Ивица Дачиќ изјави денеска дека ЕУ од Србија бара со државни мерки да не поттикнува извоз на штета на Унијата. Тој додаде дека Владата на Србија внимателно ќе го разгледа тоа и ќе заземе став.

– Србија не воведе никакви мерки со кои би поттикнала такво активности. Ние внимателно ќе разгледаме тоа обраќање на ЕУ и за тоа Владата ќе заземе став, изјави Дачиќ за државната телевизија РТС.

Европската унија вчера испрати демарш до Србија да не ги користи руските санкции спрема ЕУ и Србија да не извезува во Русија. Барањето од ЕУ според белградски медиуми, било Србија да не користи ниту државен поттик за да зголеми извоз.

Швајцарскиот весник Ноје цирер цајтунг објави дека државите членки на ЕУ ги предупредиле кандидатите да „не влегуваат во дупки на рускиот пазар настанати со ембаргото на Москва на увоз на прехранбени продукти од Унијата“. Весникот потсетува дека со зголемување на цената на гасот, Русија може да ја натера Србија во банкрот. Од друга страна, руското ембарго за ЕУ, и нуди на српското земјоделие шанса, констатира швајарскиот весник.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top