Американскиот Стејт департмент и Министерството за одбрана побара од Твитер и од ЈуТјуб да ги блокираат видео-снимките на радикалната група Исламска држава (ИД), изјави портпаролката на Стејт департментот Мари Харф.
Барањето уследи по објавувањето на видео-снимката од обезглавувањето на американскиот новинар Џејмс Фоули на Интернет.
– Исламска држава ги користи социјалните мрежи и мрежите за размена на видео-снимки не само за пропаганда туку и за регрутирање на жртви во земји, каде на друг начин не може да го направи тоа, како на пример во Саудиска Арабија, посочи Харф.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


