| четврток, 6 декември 2018 |

Советот за безбедност потфрли во зачувувањето на животите

un pilajВисоката комесарка на ОН за човекови  права на заминување Нави Пилај, денеска упати остра критика до Советот за безбедност на Светската организација, обвинувајќи го дека многу често не успева да ги разреши судирите и да ги зачува животите на луѓето.

Пилај, која следните денови го напушта местото комесар на ОН за човекови права, на кое мина шест години, изјави дека поради националните интереси честопати страдаат многу луѓе, додека Советот за безбедност разгледува мерки за ставење крај на војните.

– Не секогаш имаше цврсти и принципиелни одлуки на членките (на Совето за безбедност) за разрешување на кризите. Цврсто верувам дека поголема одговорност на овој Совет ќе спасеше стотици животи, порача Пилај.

Таа наведе дека користењето на правото на вето за блокирање на некоја мерка е „краткорочна и на крајот контрапродуктивна тактика“ и ги повика големите сили да  развиваат „поширок концепт за националните интереси“

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top