| четврток, 6 декември 2018 |

Сергеј Трифуновиќ повторно го брка полиција

1384394-sergej-trifunovic04-ras-foto-rajko-risticТуку што се извади за невнимателно возење под алкохол, па згора и минување н црвено светло на семафор, српскиот актер Сергеј Трифуновиќ направи шест нови сообраќајни прекршоци, а заради непојавување на суд, полицијата доби наредба да го приведе, пенесуваат српсските медиуми.

Трифуновиќ на три пати беше фатен како вози со истечена возачка дозвола, потоа повторно три пати е фатен со истечена регистрација, а судијата во еден од процесите се налутил затоа што Трифуновиќ не се појавувал, наредил да биде приведен за следното рочиште.

Од сообраќајните власти велат дека доколку продолжи со вакво сообраќајно однесување, Трифуновиќ наскоро лесно може да стане жртва или убиец, особено што актерот милув да минува на црвено светло на семафорот.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top