| четврток, 6 декември 2018 |

САД покрена кривична истрага за смртта на Џејмс Фоули

gty_eric_holder_tk_130514_wgМинистерството за правда на САД почна кривична истрага за смртта на американскиот новинар Џејмс Фоули, соопшти американскиот секретар за правда и главен јавен обвинител Ерик Холдер.

Фоули беше обезглавен од групата Исламска држава, а неговото погубување беше објавено во вторникот. Исламска држава преку видео-снимката ги повикува САД да ги запрат воздушните напади во Ирак.

Американскиот претседател Барак Обама изјави дека САД ќе ја продолжат борбата против Исламска држава и покрај убиството на новинарот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top