Стотици Јазиди илегално ја преминале границата со Турција, бегајќи од Ирак пред заканата од борците на џихадистичката група Исламска држава, објави ирачката телевизија „Ал Сумарија“.
Телевизијата наведува дека секој ден десетици Јазиди од северниот ирачки град Захо заминуваат во турскиот град Урфа.
Турција им даде азил на најмалку 2.000 Јазиди, кои се стационирани во камп во градот Силипи во југоисточна Турција.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


