
Лидерот на СДСМ, Зоран Заев вели дека не очекува нови пратеници кои ќе се одлучат да не ја почитуваат партиската одлука и да седнат на своетопратеничко место. Тој одговарајќи на новинарско прашање рече дека не очекува некој друг од останатите 31. пратеник од редовите на опозицијата да влезе во Парламентот по примерот на Љубица Буралиева, Солза Грчева и на Роза Топузовска- Каревска.
– Немаме сигнали дека некој друг ќе ги следи нивните стапки, а вчера на Централниот одбор само го спроведовме статутот кој предвидува да се исклучат оние кои нема да ги почитуваат партиските одлуки – објасни Заев и додаде дека опозицијата го нема тој луксуз во моментов да се преокупира со кадровски решенија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


