| четврток, 6 декември 2018 |

Намирници за подобар секс

Одредени намирници може да влијаат на квалитетот и на подобрување на сексуалната енергија.

Ако ви е ниско либидото 

Внесувајте повеќе нецелосни протеини, како што се ориз, соја, пченица, компир.

Ако имате недостаток од лубрикација, тогаш ви е ниско нивото на ацетилхолин

Внесувајте повеќе мешунки, јајца, житарки, тие ќе ви помогнат да се зголеми нивото на ацетилхолин.

Ако сте анксиозни во сексот 

Ако сте анксиозни и тешко постигнувате оргазам, можеби нивото на вашата гама-аминобутерна киселина е ниско. Внесувајте повеќе житарки и намирници богати со влакна (црн грав, леќа, круши, јаболка, брокула).

Преостанати намирници што позитивно влијаат на сексуалниот живот:

Јаболка
Содржат фентилетиламин, супстанција што ви дава природно чувство на возбудување.

Авокадо 
Авокадото содржи витамин Б6, кој го зголемува нивото на тестостерон.

Риба
Рибиното масло содржи омега-3 масни киселини, кои најмногу ги има во лосос, скуша и во пастрмка.

Јаткасти плодови 
Се смета дека бадемите ја зголемуваат страста кај жените.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top