| четврток, 6 декември 2018 |

Североисточна Кина се соочува со најголема суша во последните 50 години

суса
Североисточните делови на Кина се зафатени од најголема суша во последниве 50 години, поради што околу 300.000 лица се соочуваат со недостиг на вода за пиење, јави ДПА.
Поради сушата и недостигот на вода опасност од угинување им се заканува и на околу 82.000 домашни животни во провинцијата Лијаонинг.
Кинеските метереолози објаснуваат дека во последниот месец врнежите од дожд во тој дел на Кина биле на ниво од околу 60 проценти од просекот за овој период од годината. Тие предвидуваат дека сувото и жешко време ќе продолжи се до крајот на август.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top