Кавадарци годинава очекува рекорден број посетители и туристи на 50-годишнината од првото издание на „Тиквешки гроздобер“, манифестација што има за цел да ја одбележи бербата на грозјето во Кавадарци и Тиквешко.
Таа била белег на традицијата на лозарите во најголем број од изминатите 50 лета, иако се знае дека лозарството во овие краишта датира многу одамна. Прославата е дел од желбите на кавадарчани посветени на одгледувањето на виновата лоза, производството на вино и ракија, а истовремено пред посетителите и намерниците да го покажат својот гостопримлив однос.
Подготовките на„ Тиквешкиот гроздобер“ се при крај, дефинирани се голем дел од содржините и начинот на реализирање, а одредена е и главната ѕвезда, која ќе настапи во сабота навечер на 6 септември, а тоа е Жељко Јоксимовиќ, големата балканска ѕвезда од соседна Србија. Главен спонзор на годинашното издание на манифестацијата е „Тиквеш“. Денеска ова ни го соопшти градоначалникот на општина Кавадарци, Алексндар Панов кој на наше новинарско прашање до каде се подготовките и организираноста на бизнис секторот на Кавадарци за најголемата стопанско–културна и туристичка манифстација „Тиквешки гроздобер“.
Инаку деновиве Организациониот одбор се очекува да одржи прес-конференција на која ќе бидат соопштени деталите за годинашниот „Тиквешки гроздобер“.
Извор: Кавадарче
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.