Со тие пари планира да си го „среди“ лицето поради тоа што целиот живот имал комплекси поради лузните од мозолчињата во пубертетот.
Неговата ментална состојба секојдневно ги изненадува докторите од затворската болница во Белград, бидејќи им раскажувал најбизарни приказни.
Тој и понатаму не покажувал ни трошка каење, ладнокрвно до најситен детаљ објаснувал како се изживувал со младото девојче, а во меѓувреме е сосема убеден дека ќе добие отштета од државата поради кршење на човековите права.
Ѓуриќ на психијатрите од болницата им раскажал дека и порано имал секс со мали момчиња и девојчиња, но и со омажени жени.
-Тој одбива да разговара за тоа. Но неколку пати повтори дека сака да има секс со мали момчиња и девојчиња и дека тоа и порано го имал правено. Тој, исто така, се фалеше дека имал секс и со омажени жени – пренесува извор од болницата за српски „Телеграф“.
Докторите процениле дека Ѓуриќ е сериозен случај на психопат и социопат, но дека не е луд. Тие сметаат дека е способен за судење и дека нема да може да ја избегне казната.
Него сè уште никој го нема посетено во затворот, а ни во болницата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



