| четврток, 6 декември 2018 |

Во Осиек ќе се гради четвртата џамија во Хрватска

џамија
Во Осиек наскоро ќе почне изградба на џамија, со што овој град ќе биде четвртиот во Хрватска каде има исламски религиозен објек по Загреб, Риека и Гуња, пишува весникот „Јутарњи лист“.
Весникот потсетува дека општинските власти во Осиек уште пред десетина години и одобриле земјиште на исламската заедница за изградба на џамија, но дури сега се создале услови за почеток на проектот.
Претставникот на исламската заедница во Осиек, Енвер Речица изјави дека сега претстои најтешкиот дел од работата, а тоа е собирање средства за изградбата, за што се потребни околу три милиони евра.
Ако се обезбедат финансии, изградбата може да започне уште следната година.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top