| четврток, 6 декември 2018 |

Мелбурн, Виена и Ванкувер, најдобри градови за живот во светот

мелбурн
„Економист интелиџенс јунит“ (ЕИУ) повторно го прогласи Мелбурн за најдобар град за живот во светот, а на листата меѓу топ 10 градови дури седум се во Австралија и Канада, додека некои светски метрополи како Лондон и Њујорк не се наоѓаат ниту меѓу првите 50.
Според истражувањето на ЕИУ, на второ место се наоѓа Виена, на трето Ванкувер, а потоа следуваат Торонто, Аделејд, Калгари, Сиднеј, Хелсинки, Перт и Окланд.

Цирих се наоѓа на 11 место, Женева на 12, Стокхолм на 15, Париз на 17, а следуваат Франкфурт, Токио, Берлин, Копенхаген, Осло, Луксембург, Амстердам, Брисел и Минхен.
Вашингтон, Атланта, Чикаго, Мајами, Детроит, Бостон, Сиетл и Лос Анџелес ги заземаат од 35 до 42 место.
Даблин е на 46 место, Милано и Рим на 48 и 49, а Будимпешта е 50-ти најдобар град за живот во светот.
Од 140 градови, кои се опфатени во извештајот, на самото дно се наоѓаат Дамаск, Дака, Лагос, Карачи, Алжир, Хараре, Триполи и Абиџан.
Меѓу критериумите на ЕИУ за одредување на рангот се стабилноста, здравствените услуги, образованието, безбедноста, климата, нивото на корупција, културните и спортски активности, инфраструктурата, поврзаноста со светот, густина на населението, квалитетот на јавниот превоз, нивото на загаденост, зелените површини…

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top