Советот на општина Крива Паланка ја донесе Програмата за активностите во рамките на манифестацијата „Крива Паланка град на културата за 2013“ со финансиската конструкција.
Програмата содржи околу 180 активности поделени во неколку целини и тоа фестивали, колонии и манифестации, потоа музичко-сценска дејност, фолклорна дејност, галериска, ликовна, драмска дејност, книжевност и литература, музејска, филмска и кинотечна дејност, работилници, семинари и конференции и конкурсни активности.
Врз основа на објавениот конкурс на Министерството за култура за финансирање на проект од национален интерес за манифестацијата „Град на културата во 2013“ најдобра понуда со издржани активности и културни содржини даде Крива Паланка која е избрана за манифестацијата „Крива Паланка град на културата 2013“.
Во финансиската конструкција која изнесува 8.088.000,00 денари најголем дел ќе ги финансира Министерството за култура, а помал дел од потребните финансиски средства за реализација на манифестацијата ќе ги обезбеди општина Крива Паланка.
Во организацискиот дел најголем товар ќе биде на Националната установа-Центар за култура од Крива Паланка, потоа на општина Крива Паланка, воспитно образовните институции, Градскиот музеј и невладини организации и здруженија на граѓани.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст