Граѓаните ќе избираат најдобро архитектонско решение за уредување на 500 метри плажа што се наоѓа на Охридско Езеро во близина на аеродромот „Св. Апостол Павле“.
За таа цел, Министерството за транспорт и за врски на својата интернет-страница www.mtc.gov.mk отвори јавна анкета на која граѓаните ќе можат да учествуваат во изборот на најдоброто идејно решение.
Станува збор за пет идејни решенија, а предвидено е плажата да се изгради во согласност со највисоките туристички стандарди и притоа да не се наруши екоинтегритетот на околината.
– Планирана е песочна површина, која би се изнивелирала и попесочила со соодветен автохтон песок, да се почитува постојното зеленило и да се дооформи со автохтони видови, хортикултурно и партерно да се уреди со поставување на клупи, фонтани за вода за пиење, детски игралишта, пешачки патеки од монтажно – демонтажни материјали. Изградба на сервисен пункт кој ќе се состои од шанк со кабина за музика со спецификација на опрема, место за озвучување, санитарен јазол, тушеви (согласно правилникот за минимално-техничките услови за вршење угостителска дејност), соблекувални, прирачна остава за чадори, лежалки и други реквизити – велат од ресорното министерство.
Ќе има и простор за чадори за сонце и лежалки, а просторот за капење во езерото ќе биде обележан заради заштита на капачите од пловни објекти. Предвидено ќе биде и место за службата за спасување.
По изборот на идејните решенија, ќе се пристапи кон изработка на основните проекти по што ќе се спроведе постапката за уредување.
По завршување на електронската анкета, Министерството за транспорт и врски ќе донесе решение за доделување на награда и откуп на доставените идејни решенија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст