| четврток, 6 декември 2018 |

Детално чистење во Куманово

DEZINFEKCIJA I DEKONTAMINACIJA TERENAИдната недела започнува дезинскецијата, дезинфекцијата и дератизацијата во основните и во средни училишта, како и во објектите од детската градинка во Кумановско, информираат од Центарот за јавно здравје.

Овие објекти веќе завршиле со внатрешно чистење и уредување на установите, интензивно подготвувајќи се за почеток на учебната година.

– Во текот на летниот период е особено засилена работата на оваа служба која врши третмани во јавните установи и институции, вели доктор Јадранка Стаменковска од Центарот за јавно здравје Куманово.

Покрај третмани во јавните установи и институции и граѓаните бараат дезинфекција, дезинскеција и дератизација во летниот период. Најчесто, информира Стаменковска, во домаќинствата се бара дезинсекција. Неминовно и објектите каде се подготвува, складира и преработува храна, како што се ресторани, сендвичари, пекарници, бараат зачестени услуги од службата од Центарот за јавно здравје во летниот период.

Од Центарот за јавно здравје, пак, информираат дека наредната недела во понеделник ќе се изврши втора терестична дезинсекција во општина Старо Нагоричане. Се потсетуваат пчеларите да преземаат соодветни мерки за заштита на пчелите. Доколку временските услови не бидат поволни, тогаш прскањето против комарци се одложува наредниот ден.

Во Липково и Ранковце завршени се двете фази од терестичната дезинсекција.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top