| четврток, 6 декември 2018 |

Вегетаријанците имаат послабо физичко и ментално здравје

Најново истражување покажува дека вегетаријанците имаат поголем ризик за физички и ментални заболувања, без разлика на својот начин живот.

Австриското истражување открива дека вегетаријанската исхрана, во која помалку се внесуваат заситени масти, го зголемува ризикот од рак, алергии и ментални болести, како што се депресија и анксиозност.

Од 1.320 учесници во студијата, 330 биле вегетаријанци, 330 јаделе месо но и и многу зеленчук и овошје, 330 јаделе се но помалкумесо, а 330 јаделе многумесо секојдневно.

Меѓу другото, откриено е и дека вегетаријанците конзумираат помалку алкохол и имаат помала телесна тежина, но и покрај тоа имаат послабо физичко и ментално здравје. Учесниците кои јаделе помалкумесо многу ретко оделе на лекарска контрола поради своето здравје.

– Нашата студија покажа дека возрасните Австријци кои се хранат вегетаријански се помалку здрави, имаат лош квалитет на животот и им е потребна подобра медицинска грижа, изјави еден од членовите на истражувачкиот тим.

Авторите на студијата ги отфрлија шпекулациите дека нивното истражување е реклама за месната индустрија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top