| четврток, 6 декември 2018 |

Американците ја декласираа Доминиканската Република со 43 разлика

Кошаркарите на САД остварија убедлива победа над Доминиканска Република со резултат 105:62.

Во натпреварот во кој селекторот Мајк Кшишевски повеќе ги користеше резервите, Руди Геј и Демар Дерозан постигнаа по 14, а Џејмс Харден и Кајри Ирвинг по 12 поени.

Селекцијата на Доминиканска Република ја предводеше кошаркарот на Хјустон Франсиско Гарсија со 14 поени, а тимот од Карибите беше ослабен со неиграњето на својот најдобар играч, крилото на Атланта Ал Хорфорд поради повреда.

Дерик Роуз не настапи на овој натпревар, а селекцијата на САД во текот на мечот имаше 58 проценти реализација на шут од игра. Овие две селекции ќе бидат ривали и на Мундобаскетот бидејќи се во иста група.

Убедлива победа на пријателски меч постигна и домаќинот на СП Шпанија во дуелот со Хрватска од 82:61, а најефикасен беше Пау Гасол со 18 поени.

Репрезентациите на САД и на Шпанија важат за најголеми конкуренти за настап во финалето на Светското првенство.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top