| четврток, 6 декември 2018 |

ЕУ подготвена за разговори со Бугарија за „Јужен тек“

juzen-potok-564x272

Еврокомесарот за енергетика Гинтер Отингер ја поздрави вчера одлуката на преодната бугарска Влада да ги спречи сите работи на проектот „Јужен тек“ и изјави дека Брисел е подготвен со властите на таа земја да разговара за нејзиното спроведување, соопшти бугарската Влада.
Соопштението е објавено по состанокот на претставниците на бугарските власти со Отингер и потпретседателот на Владата за економски развој Екатерина Захариева во Брисел.

Бугарското Министерство за економија и енергетика во понеделникот реши дека сите работи на проектот за гасоводот „Јужен тек“ ќе бидат запрени сè додека проектот не биде целосно усогласен со европските прописи.
Министерот за економија и енергетика во преодната Влада, Васил Штонов испрати писмо до Бугарскиот енергетски холдинг, кој контролира 50 отсто од проектот „Јужен тeк Бугарија“, додека преостанатите 50 отсто се во рацете на рускиот „Гаsпром“ и од него побара да да ја обезбеди потребната помош од Европската комисија, со цел проектот да биде усогласен со европското законодавство.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top