| четврток, 6 декември 2018 |

Претпладне сончево, попладне наоблачување

Golden beach - ohrid (6) (Large)

Суво и  топло време не очекува денеска, а попладне и приквечер, според прогнозата на Метеопро, ќе има зголемување на облачноста во крајните западни и крајните источни делови од земјата. Со тоа во овие краишта ќе се создадат услови за краткотраен дожд.

Максимална температура денеска ќе достигне до  36°С , температура која се очекува во  југоисточниот дел. Околу 32°С же биде температурата во југозападниот регион. На северната половина на земјата ќе бидеоколу 33°С.

Вредноста на УВ индексот ќе биде 7.

Во скопската котлина се очекува сончево време претпладне, а попладне ќе има умерена облачност. ветерот ќе биде слаб до умерен. Минималната температура ќе се спушти до 15°С, додека максималната вредност на температурата ќе достигне 34°С.

Во Охрид и Преспа ќе дува умерен западен ветер. Максималната дневна температура ќе достигне до 32°С, а во Дојран се очекува топло и сончево време со температира од околу 34°С. 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top