| четврток, 6 декември 2018 |

Лагерфелд сними контроверзна фотосесија со Кончита Вурст (фото)

conchita-konchita-3-129901-500x0

Победникот во натпреварот Евровизија Кончита Вурст започнува да го прави својот пат во светот на модата, откако сними фотосесија за дизајнерот Карл Лагерфелд. Креативниот директор на Шанел, Лагерфелд ја наслови сесијата од портрети The New Normal (“Новото нормално”), која е објавена во списанието CR Fashion Book. Кончита се сними заедно со бремениот модел Ешли Гуд.Тие се облечени во долна облека и фустани на брендовите Прада, Живанши и Рик Овенс.

conchita-konchita-1-129899-500x0

Кончита, чие вистинско име е Томас Нојвирт, не се соочува првпат со високата мода. Дури и затвори и модни ревии на дизајнерот Жан Пол Готје минатиот месец.

“Ја создадов Кончита во текот на подолго време … всушност во текот на целиот свој живот. Пораснав во мало австриско гратче, многу конзервативно. Јас бев чудното момче кое се облекува како девојче”, раскажува таа. ”Да си трансексуалец е многу сериозна работа. Тоа е живот во животот, не треба да се мешаат двете работи. Сакам да покажам дека човек може да го постигне сето она што може да има поубав живот со секаков изглед. Бидејќи начинот на кој изгледа не е најважното нешто во животот “, вели Кончита Вурст.

conchita-konchita-129902-500x334

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top