| четврток, 6 декември 2018 |

Русите се префрлија на производите од СССР

sssr

Поради забраната за увоз, многу руски граѓани започнаа да ги користат производите кои биле популарни во СССР, пишува Foreign Policy. Според мислењето на весникот, на тој начин жителите сакаат да ја намалат зависноста од странските производи, но и да ја поддржат политиката на Москва против САД и западните сојузници.

И не само тоа, некои жители на Русија пишуваат на социјалните мрежи за својата љубов кон традиционалните јадења и изразуваат солидарност со политиката на санкции на Кремљ, пишува во статијата.  

Во забелешката се подвлекува дека „војната на производи“ ја зафатила не само Русија – последици од забраната за увоз се чувствуваат и во Литванија и Полска, чии граѓани исто ја коментираат новонастанатата ситуација во социјалните мрежи. Полјаците започнале да објавуваат селфиња со јаболка и започнале кампања за поддршка на локалните фармери.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top