
фото: Руска реч
Повеќе од 580 милиони евра се издвоени од страна на Роскомсос за лансирање на шест вселенски апарати кон Месечината, пренесува „Интерфакс“. Според текстот на проектот „Федерална вселенска програма од 2016 до 2025 година“, се предвидува лансирање на апарат кој ќе слета на Месечината. Периодот на работа на апаратот ќе изнесува една година и планирано е да биде лансиран во 2019 година.
После него во 2021 и 2023 година ќе бидат лансирани два вселенски орбитални апарата (Луна-Ресурс). Тие ќе извршат истражување на Месечината и ќе обезбедат врска со апаратите кои ќе бидат на површината на Месечината. Останатите апарати ќе бидат лансирани на Месечината во 2023 и 2025 година.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


