| четврток, 6 декември 2018 |

ИСИЛ држи во заложништво десетици новинари

isil

Американскиот фоторепортер Џејмс Фоли, кого ИСИЛ го обезглави и објави снимка од погубувањето, е еден од преку 80-те новинари што биле грабнати додека известувале за конфликтот во Сирија. Комитетот за заштита на новинарите објави дека најмалку 20 домашни и странски новинари сѐ уште се водат како исчезнати во Сирија, и за многумина се верува дека се заложници на милитантите.

„Сирија е една од најопасните држави во светот за новинарите“, наведува Кортни Радиш, директорка на Комитетот, во изјавата за Гласот на Америка. „Тоа е исклучително важен конфликт во којшто буквално го ризикуваат животот“, вели Радиш.

Таа потенцира дека новинарите се недолжни, објективни набљудувачи и дека се обидуваат да известат што се случува, за да знае светот.  Но, многу често работат без доволно заштита и средства.

„Новинските организации треба да обезбедат дека прават сѐ што можат за безбедноста на новинарите, без оглед дали се редовно вработени или пак соработници“, смета Радиш.

Извор: Глас на Америка

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top