
Американските власти изјавија денеска дека Пентагон ја разгледува можноста за испраќање на уште војници во Ирак заради зајакнување на безбедноста во подрачјето на Багдад.
Еден висок американски функционер изјави дека доколку тој план биде усвоен во Ирак би биле испратени околу 300 војници, но напомена дека конечната одлука се уште не е донесена, јави Танјуг.
Разговори за тој план се водат, откако американските авиони и беспилотни летала изведоа десетина воздушни напади во вторникот, кога припадниците на „Исламска држава“ се заканија дека ќе го убијат и вториот американски заложник, доколку нападите не прекинат.
Друг американски претставник потврди дека воздушните напади се извршени неколку часа, откако „Исламска држава“ ја објави на Интернет снимката, на која се гледа како еден екстремист му ја отсекува главата на американскиот новинар Џејмс Фоли.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Косовската војска нема да се формира на албанскиот национален празник
-
Косовската влада не отстапува од планост за формирање на војска
-
Пентагон ја поздрави одлуката Македонија да ги прифати заробените борци на ИД, нејзини државјани
-
Пентагон ја поздрави репатрирацијата на седумте македонски борци од ИСИС


