
Четврток во најголем дел од земјата ќе помине во суво и топло време.Апоред прогнозата на Метеопро попладне и приквечер ќе има зголемување на облачноста во крајните западни и крајните источни делови од земјата. Со тоа во овие краишта ќе се создадат услови за краткотраен дожд.
Утрото повторно ќе биде свежо. Минималната температура ќе биде во границите од 14°С до 21°С
Максимална температура околу 33°С се очекува во северната половина на земјата, околу 32°С во југозападниот регион. Најтопло ќе биде на југоисток до 36°С.
Вредноста на УВ индексот ќе биде 7.
Во скопската котлина се очекува сончево време претпладне, а попладне ќе има умерена облачност. Ветерот ќе биде слаб до умерен. Минималната температура ќе се спушти до 15°С, додека максималната вредност на температурата ќе достигне 34°С.
Во Охридско-Преспанскиот се очекува претежно сончево време. Попладне ќе дува умерен западен ветер. Максималната дневна температура ќе достигне до 32°С.
Дојран очекува сончево време и топло време. Максималната температура ќе достигне вредност околу 34°С.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


